Ce que je vais raconter de ma première nuit de New York fera sourire les Américains;
aussi bien est-ce dans ce but que je l'écris. Dans un livre du merveilleux Rudyard Kipling,
je me rappelle avoir lu les épouvantes du sauvage Mowgli la première fois qu'il coucha
dans une cabane close: l'impression de sentir un toit au-dessus de sa tête lui devint bientôt
si intolérable, qu'il fut obligé d'aller s'étendre dehors à la belle étoile. Eh bien! J'ai presque
subi cette nuit une petite angoisse analogue, et c'étaient les gratte-ciel, c'étaient les grandes
lettres réclames au-dessus de moi, c'étaient les grands tonneaux rouges montés sur leurs
échasses de fonte; trop de choses en l'air, vraiment, pas assez de calme là-haut. Et puis, ces
six millions d'êtres humains tassés alentour, ce foisonnement de monde, cette superposition à
outrance oppressaient mon sommeil. Oh! Les gratte-ciel, déformés et allongés en rêve! Un en
particulier (celui du trust des caoutchoucs, si je ne m'abuse), un qui surgit là très proche, un
tout en marbre qui doit être d'un poids à faire frémir! Il m'écrasait comme une surcharge, et
parfois quelque hallucination me le montrait incliné et croulant...
C'est dimanche aujourd'hui; le matin se lève dans une brume lourde et moite; il fera une
des chaudes journées de cette saison automnale qu'on appelle ici «l'été indien». Sur New
York pèse la torpeur des dimanches anglais et, dans les avenues, les voitures électriques
ont consenti une trêve d'agitation. Rien à faire, les théâtres chôment et demain seulement je
pourrai commencer à suivre les répétitions du drame qui m'a amené en Amérique. Mais dans
le voisinage, tout près, il y a Central Park, que j'aperçois par ma fenêtre, avec ses arbres déjà
effeuillés; j'irai donc là, chercher un peu d'air et de paix. | Ова што ќе го раскажам за мојата прва ноќ во Њујорк ќе ги насмее американците, но токму и затоа го пишувам. Во книга на извонредниот Радјард Киплинг се сеќавам дека читав за стравовите на дивиот Могли кога за првпат легнал во колиба со покрив – впечатокот дека го чувствува покривот врз неговата глава наскоро му станува толку неподнослив поради што бил принуден да се испружи под прекрасното ѕвездено небо. Па добро! Јас скоро и да доживеав слична тегоба во оваа ноќ, а ме мачеа токму облакодерите, големите рекламни пораки над мене, големите црвени резервоари за вода искачени на железни нозе. Навистина, премногу работи во воздух, без некое спокојство таму горе. А потоа, тие шест милиони човечки суштества изгмечени наоколу, тој вриеж од народ, и таа претерана натрупаност што го задушуваат мојот сон. Ах! Облакодери, изобличени и издолжени во сон! Особено еден (оној, ако не се лажам, на трустовите на гуми), кој изникнува онаму близу, кој целосно од мермер треба да има тежина од која човек ќе се стресе! Тој ме смачкуваше како вишок товар, а понекогаш некоја халуцинација ми го покажуваше како наведнат и трошен... Денес е недела. Утрото се буди во тешка и влажна магла. Ќе биде еден од топлите денови на оваа есенска сезона што овде се нарекуваат «индијанско лето». Врз Њујорк натежнува вкочанетоста на англиската недела, а по авениите, електричните автомобили си дозволија малку одмор од движење. Нема што да се прави, театрите не работат и само утре ќе може да почнам да ги следам повторувањата на драмата што ме доведе во Америка. Но во соседството, сосема близу, се наоѓа Централ парк, кој го забележувам од мојот прозор со неговите веќе разлистени дрвја. Ќе одам таму, да побарам малку воздух и мир.
|