Латиница во кирилица থ্রেড পোস্টার: alinguista
| alinguista Local time: 05:13 ফেঞ্চ/ফরাসি থেকে মেসিডোনিয়ান + ...
Здраво на сите,
Кога преведувам на македонски и наидувам на странски имиња или термини на латиница што остануваат непреведени, често се соочувам со следнава дилема: дали да извршам фонетска транскрипција со кирилично писмо или да ги оставам на латиница. Колку што зн... See more Здраво на сите,
Кога преведувам на македонски и наидувам на странски имиња или термини на латиница што остануваат непреведени, често се соочувам со следнава дилема: дали да извршам фонетска транскрипција со кирилично писмо или да ги оставам на латиница. Колку што знам правилно е да се применува фонетската транскрипција, но во одредени случаи ми делува некако вештачки.
На текстови објавени на интернет гледам дека се практикува и едното и другото, па сакав да ве прашам како постапувате вие?
Поздрав,
Александра ▲ Collapse | | |
Здраво Александра и колеги од македонскиот форум,
Не ќе верувате но баш синоќа се соочив, по кој знае кој пат, со истата дилема. По кратко размислување и двоумење, предметниот збор најпрвин го ставив фонетски и на кирилица а во заграда оригиналот на латиница.
Л... See more Здраво Александра и колеги од македонскиот форум,
Не ќе верувате но баш синоќа се соочив, по кој знае кој пат, со истата дилема. По кратко размислување и двоумење, предметниот збор најпрвин го ставив фонетски и на кирилица а во заграда оригиналот на латиница.
Лично сметам дека ова е најдобар компромис и дека се повеќе се практикува и ќе се применува и со оглед на глобализацијата која се шири под знамето на англискиот јазик.
Поздрав,
Шерефедин
[Edited at 2007-11-20 10:51] ▲ Collapse | | | Сите сме во иста каша | Nov 20, 2007 |
И јас постојано се соочувам со истиот проблем. Кога се работи за име на некое тело го преведувам на македонски а оригиналот го ставам во заграда, од аспект на читателот тоа ми се чини најприфатлива варијанта бидејќи ги добива и разбира сите информации. Кога се работи за крат... See more И јас постојано се соочувам со истиот проблем. Кога се работи за име на некое тело го преведувам на македонски а оригиналот го ставам во заграда, од аспект на читателот тоа ми се чини најприфатлива варијанта бидејќи ги добива и разбира сите информации. Кога се работи за кратенка/акроним често сум на мака, има акроними што се прифатени во оригинал ама на кирилица (како ГАТТ, УСАИД), има кратенки што се прифатени во превод (како СТО), а што со оние што не се ни на едната ни на другата листа? Често прибегнувам кон следното решение (ако дозволува просторот и природата на документот) кратенката ја пишувам на кирилица а значењето на кратенката, односно целото име во оригинал во заграда. Странските изрази најчесто ги пишувам во оригинал, но има изрази како „ад валорем“ коишто се употребуваат во кирилица ... Странските лични имиња ги транскрибирам, но кога можам оригиналот го ставам во заграда. Конфузија, а ние не можеме да ја решиме ... Многу пати ги прашувам лекторите, атие имаат различни ставови, затоа јас се водам од логиката дека читателот треба да разбере и се обидувам тоа да му го овозможам.
поздрав,
Ирена ▲ Collapse | | |
Здраво колеги,
Навистина интересно прашање за кое навистина треба да се завземе еден конечен став.
Како овластен судски преведувач, многупати се соочувам со овој проблем, и веќе знам како да реагирам и што да напишам во одредени ситуации.
На пример, при превод ... See more Здраво колеги,
Навистина интересно прашање за кое навистина треба да се завземе еден конечен став.
Како овластен судски преведувач, многупати се соочувам со овој проблем, и веќе знам како да реагирам и што да напишам во одредени ситуации.
На пример, при превод на лични документи потребни во МВР, суд и други институции во нашата земја, бараат да НЕМА ниту еден знак на латиница, но присуство на сите букви од името и презимето на некој личност и, за „W“ бараат да се напише „ВВ“! Пример, презимето Voislawski изгледа Воиславвски!
Мене ова ми е многу необично, но сепак, тоа е што е.
Од друга страна пак. при превод на директиви, регулативи и различни други документи за СЕП, за превод на имиња се користи фонетска транскрипција.
Мислам дека барем малку помогнав со споделување на моето искуство, а секако дека би сакала да прочитам какви се искуствата на другите колеги во врска со ова прашање.
Поздрав,
Билјана Василева Бојчев
[Уредено на 2007-11-20 15:44] ▲ Collapse | |
|
|
Gabriela Nikolova মেসেডোনিয়া (ফাইরম) Local time: 05:13 ইংরেজি থেকে মেসিডোনিয়ান + ... Заеднички проблем | Nov 20, 2007 |
[quote]Biljana Vasileva Bojcev wrote:
за „W“ бараат да се напише „ВВ“! Пример, презимето Voislawski изгледа Воиславвски!
Здраво,
И мене ме мачи истото прашање, знам дека во институциите особено задолжително е да нема ниту еден знак на латиница, но конкретниот пример на Билјана навистина досега го немам сретнато, за „W“ да се напише „ВВ“, од друга страна на многу места на интернет можете да сретнете натписи како: ....а на онаа адреса што сега ја претставува Владата пред Интернет светот - њњњ.гов.мк...или ...ист е случајот и со Министерството за труд и социјална политика - њњњ.мтсп.гов.мк...или ....На адресата на министерство за образование, њњњ.мон.гов.мк и њњњ.мофк.гов.мк, се ставени пар нови конкурси......или ....страницата што се отвара на влегувањето на адресата на Министерството за култура - њњњ.цултуре.ин.мк....и да не редам понатаму (деловите се извадоци од Вест при што верувам дека имаат лектор), што некако ми се чинат вештачки...или во случајов ќе треба да напишеме vvvvvv.гов.мк...навистина не знам колку е точно...од друга страна го разгледав законот за употреба на македонскиот јазик, ништо посебно освен што во член 6 вели...заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик опфаќаат: ...избегнување употреба на странски изрази и заемки, односно, по можност нивно заменување со соодветни поими од македонската лексика....http://kultura.gov.mk/documents/Zakon_za_upotreba_na_makedonskiot_jazik.pdf
Навистина би сакала да знам кое е најправилното решение, но сепак сметам дека најдобро би било да го има и оригиналниот израз во заграда, доколку условите тоа го дозволуваат, а и во интерес на читателот е да разбере за што станува збор....
Поздрав до сите,
Габриела | | | Radica Schenck জার্মানি Local time: 05:13 ইংরেজি থেকে মেসিডোনিয়ান + ...
Габриела, фала за линкот.
На оние што им пречи фала веднаш го применувам сполајти, за да се вратиме на автентичноста и духот на јазикот.
Што се однесува до кратенките на организации, фирми итн. јас лично вршам долги претраги дали за тоа веќе има воспоставен тер... See more Габриела, фала за линкот.
На оние што им пречи фала веднаш го применувам сполајти, за да се вратиме на автентичноста и духот на јазикот.
Што се однесува до кратенките на организации, фирми итн. јас лично вршам долги претраги дали за тоа веќе има воспоставен термин на македонски. Како што УНИЦЕФ го пишувам на кирилица, или УНЕСКО, или пак, како што пишувам Светска Банка, а не ЊЊорлд Банк, или ВВорлд Банк. Ако нема, или пак не можам да најдам одомаќен термин, тогаш фонетски го транскрибирам, а во заграда, или мене најомилената фуснота, го пренесувам во оригинал (латиница, руска кирилица, итн.)
А за службени документи... тоа е друга приказна.
Ако дојде некоја госпоѓа Popovska-Schmidt со лични документи за судски превод на македонски, што би направиле со преводот на тоа презиме, кој би требало да се раководи според законов, а сепак не е за македонско презиме...
И дали за некоја изјава за печатот на претставник од BMW, или пак за презентација нивна на веб страница, ќе напишете БМВ, а за регистрација на нивно претставништво во Република Македонија ќе морате да напишете БМВВ? Kако ли е регистриран Mекдоналдс kaj нас? (компанијата е само прост пример. Посложен пример? Сосиете женерал. Hypovereinsbank... etcetera.
[Edited at 2007-11-20 22:25] ▲ Collapse | | | d_miteva স্লোভেনিয়া Local time: 05:13 ইংরেজি থেকে মেসিডোনিয়ান + ... Правопис, транслитерација.... | Nov 20, 2007 |
Здраво на сите,
дефинитивно интересна дискусија.
Во ПРАВОПИСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК од 1999 (Просветно дело, Скопје) стои:
„ Туѓите имиња се пишуваат со наше писмо, по правило, онака како што се и... See more Здраво на сите,
дефинитивно интересна дискусија.
Во ПРАВОПИСОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК од 1999 (Просветно дело, Скопје) стои:
„ Туѓите имиња се пишуваат со наше писмо, по правило, онака како што се изговараат. (Со изворното писмо тие се пишуваат само во научни изданија.) При тоа нивните гласовни особености се прилагодуваат колку што е тоа можно кон гласовниот систем на нашиот јазик, т.е. гласовите што ги нема во нашиот јазик се предаваат со наши слични гласови.“
Во продолжение на ова следат правила за транскрипција на туѓи имиња од повеќето јазици поделени во три групи: класични, словенски и несловенски.
Морам да кажам дека многу ми помага при работата, бидејќи честопати во моите преводи сретнувам имиња и од други јазици (унгарски, чешки, ...)
Не знам дали постои ново дополнето издание. Може колегите кои се во Македонија да кажат.
Инаку честопати сум во дилема, но во моите преводи употребувам транскрипција, освен во некои (ретки) случаи кога тоа го бара нарачувачот заради доследност.
Сум за употреба на транскрипција, бидејќи на тој начин текстот е разбирлив за читателот, а истовремено го зачувуваме и збогатуваме македонскиот јазик.
а на онаа адреса што сега ја претставува Владата пред Интернет светот - њњњ.гов.мк...или ...ист е случајот и со Министерството за труд и социјална политика - њњњ.мтсп.гов.мк...или ....На адресата на министерство за образование, њњњ.мон.гов.мк и њњњ.мофк.гов.мк, се ставени пар нови конкурси......или ....страницата што се отвара на влегувањето на адресата на Министерството за култура - њњњ.цултуре.ин.мк....и да не редам понатаму (деловите се извадоци од Вест при што верувам дека имаат лектор), што некако ми се чинат вештачки...или во случајов ќе треба да напишеме vvvvvv.гов.мк...навистина не знам колку е точно...
Во овој случај весниците користат (обратна) транслитерација. Европскиот стандард за преведување дозволува упoтреба на транслитерација.
Еве еден извадок
A style guide can include instructions or choices as regards:
- Punctuation: spaces, full stops, commas, semi-colons, colons, dashes, brackets, parentheses, question
marks, exclamation marks, quotation marks, apostrophes and accents, UNICODE/ASCII codes.
- Spelling: capitalisation, conventions, personal names and titles, geographical names, company and
product names, brands, scientific names, numbers (fractions, ranges, Roman numerals, dates, time) and
units of measure, mathematical and scientific symbols, abbreviations and acronyms, loans (foreign words
and phrases), hyphens and compound words, hyphenation guidelines, transliteration and romanisation
systems.
Со помош на софтвери или апликации, кои што се наоѓаат на интернет, читателот лесно може да дојде до оригиналното име (уште полесно доколку има електронски, а не печатен документ).
Еве една таква страна: http://agora.org.mk/goodbytes/enmkonvert/default.asp
Ме интересира што вие мислите за ова и дали некој знае како е уредено со закон.
Поздрав,
Даниела ▲ Collapse | | | alinguista Local time: 05:13 ফেঞ্চ/ফরাসি থেকে মেসিডোনিয়ান + ... TOPIC STARTER искуства, правопис, транслитерација... | Nov 21, 2007 |
Многу интересни размислувања и информации.
Даниела, и јас го користам истиот правопис и затоа и мене ме зачуди искуството на Биле од типот на ВВ дотолку повеќе што во правописот даваат примери за транскрипција од повеќе јазици: На пр. од полски: Dabrowski станува Дабровск... See more Многу интересни размислувања и информации.
Даниела, и јас го користам истиот правопис и затоа и мене ме зачуди искуството на Биле од типот на ВВ дотолку повеќе што во правописот даваат примери за транскрипција од повеќе јазици: На пр. од полски: Dabrowski станува Дабровски, од англиски Watergate станува Вотергејт итн. И мене ме интересира дали има дополнето издание и дали тоа дава одговор на нашите прашања.
Што се однесува до лекторите, како што спомна и Ирена, и јас имам впечаток дека се со поделени ставови. Во примерот од Вест што ни го даде Габи пишуваат адреси како њњњ.гов.мк... но ако ја погледнете насловната страница на Дневник на интернет, стои on-line издание, а верувам дека и тие имаат лектори.
И јас го имам законот за македонски јазик но тој е доста општ и таму не најдов одговор на моето прашање.
За транслитерацијата, зошто да не, но под услов да е верен пренос на латинското во кирилично писмо и обратно од аспект на јазична гледна точка, а не само техничка. Арно ама во нашиов случај не е баш така. Зарем може да прифатиме дека њњњ е транслитерација на www? Кога напишав дека понекогаш кирилицата ми делува вештачки мислев пред сè на интернет адресите. Но доколку тоа е правилно би прифатила адреса од типот на ввв.гов.мк но морам да признаам дека ми е тешко да го проголтам њњњ. Според мене ваквата транслитерација се должи на тоа што во македонските фонтови Хелв и Тмс, буквата њ е програмирана на тастерот w. Но што ако ја користиме тастатурата за да пишуваме на македонски?. Во тој случај, кај мене на пример, www би се пренесло со ззз. Ми се чини дека ова прашање им отвора проблем и на толкувачите. Можете ли да си замислите некој кој преведува усно: Повеќе информации може да најдете на њњњ точка дневник точка итн.?.
Доколку вршиме транслитерација на интернет адресите се јавува и една мала техничка тешкотија, поконкретно се губи линкот кој води до страницата за која станува збор. Добро, ова може да се надмине, на пример ако текстот е во Word или Ворд, може да го вметнеме линкот рачно. Тоа за нас значи повеќе работа, но тоа е тоа.
Во секој случај, ви благодарам многу за споделувањето на вашите практикувања и дилеми околу ова прашање. Вашите размислувања и ставови ми се од голема помош.
Поздрав,
Александра ▲ Collapse | |
|
|
Post removed: This post was hidden by a moderator or staff member for the following reason: Removed upon request of the forum poster. | alinguista Local time: 05:13 ফেঞ্চ/ফরাসি থেকে মেসিডোনিয়ান + ... TOPIC STARTER правописот како референтен документ | Nov 21, 2007 |
Здраво Радица,
Мојата забелешка беше пред сè насочена на транслитерацијата на www во њњњ, зашто сметам дека е погрешна и дека е технички пропуст. Вакви грешки често се случуваат во областа на автоматската обработка на јазиците доколку нема блиска соработка меѓу јазич... See more Здраво Радица,
Мојата забелешка беше пред сè насочена на транслитерацијата на www во њњњ, зашто сметам дека е погрешна и дека е технички пропуст. Вакви грешки често се случуваат во областа на автоматската обработка на јазиците доколку нема блиска соработка меѓу јазичарите и информатичарите. Дали МВР би прифатило транслитерација на Walter во Њалтер? Ако отидеш на линкот што го наведе погоре Даниела (фала ти Даниела), и напишеш лево William, десно ќе добиеш Њиллиам.
Инаку твоите примери ми се јасни, како и примерот на Биле, јас само констатирав дека ме зачуди што ова правило не е опфатено во правописот (зборувам за изданието од 1999 год. значи сепак не е првиот правопис од Блаже), зашто ми се чини дека тој би требало да биде референтен документ достапен до сите, што ќе ги содржи сите постоечки правила и исклучоци врзани за правописот на македонскиот литературен јазик. Но ова го велам со резерва, зашто можеби има поново издание што го содржи и правилото на македонската администрација за коешто зборуваме.
Се сложувам дека преведувачот треба да ги почитува постоечките правила и токму затоа сметам дека треба да постои транспарентер референтен материјал, достапен до сите. Јас не сум судски преведувач и не бев запознаена со правилото што го применува македонската администрација за транскрипција на личните имиња од странско потекло. Дали правила од ваков вид може да се најдат на интернет страниците на некоја од институциите? Или во книжарница? Или станува збор за непишани правила?
Кога сме кај судски преведувачи нашава дискусија ме наведе на уште едно прашање: дали вие, овластените судските преведувачи добивате некаков прирачник или имате некоја обука со цел да ги научите сите правила што треба да се почитуваат при судските преводи вклучувајќи ја и презентацијата на преведените документи, или пак сè доаѓа преку искуството, работата, и контактите со други судски преведувачи?
Поздрав,
Александра ▲ Collapse | | | Gabriela Nikolova মেসেডোনিয়া (ফাইরম) Local time: 05:13 ইংরেজি থেকে মেসিডোনিয়ান + ...
Radica Schenck wrote:
...Не знам како го прават тоа за фирми...
Здраво на сите,
Сакав само да се надоврзам, денес добив фактура од YELLOW PAGES, на печатот на истата стојат следниве три имиња: ЈЕЛЛОВ ПАГЕС (нема Њ, нема ВВ), YELLOW PAGES и ЖОЛТИ СТРАНИЦИ. Се прашувам дали има некое правило при самата регистрација на фирмите и каде може тоа да го дознаеме...
Поздрав,
Габи | | | d_miteva স্লোভেনিয়া Local time: 05:13 ইংরেজি থেকে মেসিডোনিয়ান + ... проширено... | Nov 21, 2007 |
Здраво повторно,
Мислам дека пред некое време во Македонија имаше некои несогласувања околу транслитерацијата на македонските имиња на латиница во патните исправи. Проблемот беше со буквите Ш, Ѓ, Ќ, Ч, Ж, Џ, Ѕ и недоследната транслитерација на латиница. Баш она што го... See more Здраво повторно,
Мислам дека пред некое време во Македонија имаше некои несогласувања околу транслитерацијата на македонските имиња на латиница во патните исправи. Проблемот беше со буквите Ш, Ѓ, Ќ, Ч, Ж, Џ, Ѕ и недоследната транслитерација на латиница. Баш она што го спомна Радица, презимето или името треба да го содржи истиот број на букви во оригинал и превод. Ако сум грешка поправете ме. Ова го следев преку интернет медиумите.
Законот за патни исправи (пречистен текст) вели дека треба да се користи кирилското писмо и основното латинско писмо ICAO DOC 9303 - http://www.mvr.gov.mk/Uploads/precisten%20tekst%20SV%2073%2004.pdf
Погледнете го член 27.
Штом постои стандард за транслитерација на латиница, сигурно би требало да постои некој стандард и за случајот што нас не интересира.
Која буква од македонската азбука ќе се употреби доколку во името стои Q или X ако го користиме принципот на ист број на букви?
Референтен материјал дефинитивно ни е потребен.
Во врска со прашањето на Александра за судските преведувачи... сум судски преведувач и можам да кажам дека досега не сум добила / сретнала прирачник или некој сличен материјал со инструкции и правила за судски преводи. Сметам дека тоа е голем минус. Дадовме заклетва во суд и тоа беше се. Сето останато беше соработка со колеги и постари преведувачи. Можеби досега работите се промениле....(уште една тема за дискусија)
Што се однесува пак до регистрација на фирмите...Конкретен случај...фирма од Америка Alliance One во Македонија е регистрирана како Алајанс Уан....различно од она што го спомна Габриела - ЈЕЛЛОВ ПАГЕС. Затоа се сомневам дека постои правило....или едниственото правило е употребата на кирилицата, па сопственикот на фирмата нека се одлучи дали ќе употреби транскрипција или транслитерација...што мислам дека не е правилно..
Мислите ли дека оваа информација може да се добие во Управа за јавни приходи, Министерство за Економија или...?
Поздрав,
Даниела
[Edited at 2007-11-21 21:54]
[Edited at 2007-11-21 21:55] ▲ Collapse | |
|
|
Нешто треба да направиме НИЕ | Nov 22, 2007 |
Би сакала да сум грешка, но ми се чини (а ова го заклучувам врз онова на мите многу години работа како преведувач) дека референтни материјали, освен правописот на Блаже, не постојат! Дури и ако постои некој материјал од ретките средби на нашите академци и литературни преведу�... See more Би сакала да сум грешка, но ми се чини (а ова го заклучувам врз онова на мите многу години работа како преведувач) дека референтни материјали, освен правописот на Блаже, не постојат! Дури и ако постои некој материјал од ретките средби на нашите академци и литературни преведувачи, никој не го видел освен тој што го напишал и Господ!
Решението на нашите проблеми сепак во голем степен лежи и во нас, професионалните преведувачи. Зборувам за систематско решавање на проблемите со кои се соочуваме, а тоа почнува со сериозно професионално здружение и соработка со другите професионалци од кои зависиме, како на пример македонистите и лекторите! АКо нив не им текнува можеме ние да им досаѓаме се додека не речат „аман дај да ги напишеме тие правила и нека не остават на мир да си дремеме“. НО ваков притисок не можеме да направиме индивидуално. Гласот на индивидуалецот се губи во галамата на светот. Можеме да направиме притисок како организирана професија со професионално здружение со многу активни членови, тоа одамна ни е потребно а сепак го нема! Знам дека постојат две здруженија но во сите овие години не видов дека тие се борат за професијата, мене ми личат на заспани агенции за превод. Не сакам никого да навредам, ова е мое лично мислење врз основа на моето искуство. Башка, делата зборуваат .... Е сега да се вратам на решението: моќта е во нашите раце, само треба работа и поголема доза на идеализам ... Здружението ќе реши многу повеќе проблеми покрај будењето на македонистите ...
толку од мене за сега ... морам да се борам со јазички проблеми ▲ Collapse | | | alinguista Local time: 05:13 ফেঞ্চ/ফরাসি থেকে মেসিডোনিয়ান + ... TOPIC STARTER Институтот за македонски јазик | Nov 23, 2007 |
Daniela Miteva wrote:
Мислите ли дека оваа информација може да се добие во Управа за јавни приходи, Министерство за Економија или...?
или Институтот за македонски јазик?
Можеби грешам но ми се чини дека тоа е инситуцијата што е надлежна за македонскиот литературен јазик... Ако ги прашаме можеби и ќе ни одговорат те. ќе ни кажат што мислат тие, но по разменетиве мислења не ми се верува дека имаат некој понов референтен материјал што ќе одговори на нашиве прашања и ќе нè поштеди од идни главоболки од ваков тип.
Инаку кога би било оставено на мене да изберам меѓу фонетска транскрипција и транслитерација би избрала транскрипција со некои исклучоци како на пр. интернет адресите. Во овој случај, ако не може да ги оставам на латиница би извршила транслитерација, ама правилна. Инаку нашава дискусија ми помогна да си дадам објаснување за практиката на МВР за транслитерација на личните имиња во личните документи. Мислам дека на тој начин се обидуваат да го сведат на минимум ризикот од евентуални грешки што би настанале како резултат на погрешен изговор.
Ирена, се сложувам со тебе дека и ние како професионалци треба да бидеме активни кога станува збор за прашања врзани за нашата професија и дека здруженијата на преведувачи треба да бидат професионални и активни.
Сега морам и јас да одам.
Ви посакувам пријатен ден на сите,
Александра | | | Кои се сега правилата? | Jul 14, 2023 |
Почитувани,
Би ви бил благодарен ако некој може да даде кратко ажурирање во врска со правилата кои според сегашните законски прописи во РСМ треба да се почитуваат кога се работи за лични имиња во преводи од странски на македонски јазик.
Дали постои законсџка ... See more Почитувани,
Би ви бил благодарен ако некој може да даде кратко ажурирање во врска со правилата кои според сегашните законски прописи во РСМ треба да се почитуваат кога се работи за лични имиња во преводи од странски на македонски јазик.
Дали постои законсџка одредба каде се наведени тие правила и ако постои, каде може да се најде?
Странски јазик Македонски јазик
W ?
Y ?
Ü ?
итн....
Однапред благодарам.
П.С.
Чекајќи да се одобри моето прашање, најдов одговор во „Правописот на македонскиот јазик„ кој можете да го најдете како пдф тука: https://pravopis.mk/sites/default/files/Pravopis-2017.PDF
[Edited at 2023-07-14 11:32 GMT] ▲ Collapse | | | To report site rules violations or get help, contact a site moderator: You can also contact site staff by submitting a support request » Латиница во кирилица Protemos translation business management system | Create your account in minutes, and start working! 3-month trial for agencies, and free for freelancers!
The system lets you keep client/vendor database, with contacts and rates, manage projects and assign jobs to vendors, issue invoices, track payments, store and manage project files, generate business reports on turnover profit per client/manager etc.
More info » |
| Wordfast Pro | Translation Memory Software for Any Platform
Exclusive discount for ProZ.com users!
Save over 13% when purchasing Wordfast Pro through ProZ.com. Wordfast is the world's #1 provider of platform-independent Translation Memory software. Consistently ranked the most user-friendly and highest value
Buy now! » |
|
| | | | X Sign in to your ProZ.com account... | | | | | |